Генералот Стојанче Ангелов на социјалните мрежи сподели фотографија како неговиот 10-годишен син испукал пет куршуми, како дел од спортското стрелаштво, со дозвола и поддршка од него како родител. Ваквиот потег на Ангелов наиде на осуда од првата детска амбасада „Меѓаши“, од каде прашуваат каква порака се испраќа со објавување на дете како пука или воопшто со оружје во рака, објави А1 ОН.
„Сакам да направам една специјална понуда заради тебе, луѓе кои што имаат 16 години, кога ќе заврши ова со короната, бесплатна обука со пиштол, само да си ги платат куршумите“, вели Ангелов на почетокот од видеото, чија содржина е објаснување како да се пука со пиштол.