„Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

(Видео) Стоначе Ангелов е кловн - јас му станав непријател, а тие кои го осакатија му се пријатели, а Груевски ме сметаше за непријател, вели Михајловски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Студио
toni-stojance-gruevski

Актерот и јавна личност Тони Михајловски, во гостувањето во подкастот „Претрес со Ландов“, откри детали од своето искуство со врвот на поранешната власт на Никола Груевски.

— реклама —

Тој раскажа дека уште во 2007 година побарал работа преку тогашната министерка Елизабета Канчевска Милоска, но одговор добил дури седум години подоцна.

„Ми рече: 'Да го прашам шефот.' Шефот – Никола Груевски. И 2013 година ми стигна одговорот. Седум години Груевски не ѝ одговарал дали да ме вработат или не.“

— реклама —

Михајловски истакна дека низ годините не се пронашол ниту со Љупчо Георгиевски, првиот премиер по независноста.

„Мислењето за Љупчо денес? Катастрофа. Не можам да прифатам дека сум стоел зад него, дека сум му верувал. Болно е. Тоа е патологија.“

Според него, и Никола Груевски подоцна го перципирал како непријател, но никогаш не се обидел директно да провери зошто.

„На протест, он самиот ми вели: 'Тони, мене цело време ми кажуваа дека си ми непријател'. Го прашав – добро, дали некој од тие што ти кажувале е тука, до тебе?“

Михајловски беше посебно остар и кон Стојанче Ангелов, актуелен директор на Дирекцијата за заштита и спасување.

„Кловн. Шут. Таков политички ролеркостер нема. Јас му станав непријател, и ми е драго што сум. Тие што му ги одземаа органите и го осакатија – тие му се пријатели. Па што да будем? Директор да будем?“, рече Михајловски.

Во разговорот, Михајловски не ја криеше својата разочараност од луѓето што некогаш ги поддржувал, ниту од политичкиот систем што, како што вели, го третирал како непријател додека „вистинските непријатели на народот“ биле наградувани.

Цел поткаст:

4ZjFUoIqfzc

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 1 месец

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 1 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања