Снимка од четириесетина секунди на која се гледаат педесетина до сто лица како поминуваат со ранци и торби, меѓу кои и деца, а е направена од надзорна камера во скопско Трубарево, доби „Скопје 1“. Таа е снимена вчеравечер (12 ноември) на еден час пред полноќ. Сите лица кои се на снимката, трчаат по локална улица.
Според наши информации, во непосредна близина има и железничка станица. Според ова, можно е да станува збор за организирана група мигранти. Ова се непотврдени детали, кои ги споделуваат и мештаните. Тие велат дека можно е да дошле со товарен воз, но не им е јасно зошто не биле пресретнати од институциите.
Инаку, МВР речиси секојдневно објавува случаи на откриени мигранти кои се превезувани од една до друга граница во земјава.