Промени тема
Контакт

(Видео) Странец воодушевен од македонската природа, но шокиран од расфрланиот отпад: „Како е ова можно во 2026 година?“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 часа -

Македонија
media-librarydt017u3rgs63byJ0wLg

Прекрасните планински пејзажи и зајдисонцата во Македонија оставиле силен впечаток кај странски посетител, но глетката на отпад расфрлан на сите страни во природата го поттикнала да реагира и да ја доведе во прашање грижата за животната средина.

— реклама —

Во видеоснимка од својата втора посета на Македонија, тој ја истакнува убавината на околината, но вниманието го насочува и кон отпадот што го затекнал расфрлан во природата, нарушувајќи го изгледот на пејзажот.

„Погледнете ја оваа прекрасна природа, погледнете го ова место и планините; зајдисонцето е навистина неверојатно. Но, во исто време, погледнете ги и ваквите места. Како е ова можно?“, прашува тој во видеото.

— реклама —

Посетителот изразува незадоволство од состојбата во руралните предели и се прашува зошто Владата дозволила природата да биде загадена на ваков начин. Особено го истакнува фактот дека главниот град е оддалечен само околу 30 километри од местото каде што ја снимил видеоснимката.

— реклама —

„Во 2026 година, како е ова можно? Главниот град е оддалечен само околу 30 километри, а ваква е состојбата во руралните средини“, вели тој, посочувајќи на контрастот меѓу природните убавини и отпадот расфрлан низ околината.

И покрај критиките, странецот нагласува дека Македонија е прекрасна земја и дека повторно ужива во нејзината природа. Сепак, упатува порака дека надлежните треба да преземат мерки за подобрување на состојбата и за поголема заштита на животната средина.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања