„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(ВИДЕО) Страотно сведоштво од Охрид: Им кажале на родителите дека сестра ми прегазила дете и им барале пари, беше борба за живот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Охрид
fasdfasdgfasd

Охриѓанката Анета Јованоска преку социјалните медиуми сподели како нејзините родители биле мета на банда, кои со лаги, пробале да изнудат пари од нив. Кога се јавиле, според сведоштвото, непознато лице кое се претставило како инспектор од полиција кажало дека нивната ќерка (сестра на Анета) имала сообраќајка. Потоа, лицето кажало дека таа е во болница, но и дека прегазила дете. Непознатиот човек барал пари од возрасните лица, за да нивната ќерка не лежи во затвор.

— реклама —

Целото сведоштво:

„Во текот на вчерашниот ден, моите родители добија телефонски позив, во кој беше претставено некое непознато лице како инспектор полициски. Им беше кажано дека мојата сестра направила сообраќајка, прегазила дете, се наоѓа во болница, со искршени заби и дека родителите на детето бараат за сестра ми да не лежи во затвор 15 години“, вели Анета Јованоска.

— реклама —

„Моите родители се возрасни, со тешки дијагнози, здравствено во тешка состојба. И тоа е причината што вчерашниот ден, бев да ги посетам и да ги видам. Сум имала голема среќа и му благодарам на универзумот што ме прати во вистинскиот момент. Кога разговорот беше при крај и по тие 30 минути малтретирање на моите родители, пиштење и вриштење, кои ги извадиле сите парите, па кажале колку, па им кажале дека ќе дојде човек да му ги дадат“, додава таа.

„Тоа значи дека тоа е банда, каде се вклучени повеќе лица. Се јавило и женско лице, кое се претставило женско лице како мојата сестра, со потврда да татко ми ги даде парите. Во моментот кога влегов, телефонската линија не беше затворена. Татко ми ми го даде телефонот. На моето прашање: Ве молам да го кажете вашиот полициски број и од која полициска станица се јавувате, ми спуштија слушалка. Беше пријавено во полиција. Тие не можеа да дојдат, па јас отидов да дадам изјава. Би сакала се покрене иницијатива. Разбрав дека не сум единствена, дека моите родители не се единствената жртва со истава приказна. Дека има оштетени со многу повеќе пари. Сакам да спасам што повеќе луѓе. Беше траорно. Едвај ги смирив моите родители, со медикаменти, за да останат во живот. Беше страшно, тешко“, посочува Анета Јованоска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања