Се запали куќа во Куманово, а пожарот брзо се прошири и проголта голем дел од просториите. На интевенција излегоа од Противпожарната бригада, а на помош излегоа и локални жители. Нема информации за повредени лица.
Струјата во куќата не била исклучена, па се слушаа пукотници и искри од каблите.
Жителите беа револтирани бидејќи очекуваа пожарникарите да делуваат побрзо.
На терен има и полиција.