Страшна сообраќајна несреќа се случила во Загреб вечерта од недела кон понеделник, пренесуваат хрватските медиуми. Медиумите објавија и видео снимка од несреќата од надзорните камери во близина.
Според информациите од загрепската полицијата, со автомобилот „ауди а6“ управувал 31-годишник.
Во еден момент со предните тркала на автомобилот возачот налетал на рабниците од островот за насочување на сообраќајот по што покосил два столба за пешачки семафори. Возилото продолжило да се движи со огромна брзина кон трамвајската станица, каде налетало на ограда и натрешница. Од силниот удар постојката е целосно демолирана.
Возачот е тешко повреден во незгодата и му била пружена лекарска помош во Клиниката за трауматологија.
фото: Večernji.hr