Промени тема
Контакт

(Видео) Струмичкиот бизнисмен од Шутка однесен во болница: се лекува во приватна установа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-library0nis34urc813aYMuHrs

Струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов, кој е опфатен во истрага за наводни злоупотреби и даночни измами, во моментов е хоспитализиран во приватната болница „Аџибадем Систина“, изјави директорот на затворот „Шутка“, Бобан Утковски, во поткастот „Претрес“ со Ландов.

„Во моментов е во болници има проблеми, кичмата е фатена значи. Не можеше да се движи. Па сега заврши во болница“, вели Утковски.

— реклама —

На прашањето дали станува збор за државна болница, Утковски појасни дека лицето е сместено во приватна здравствена установа.

Во истрагата против Крмзов и група поврзани лица, кои се товарат за наводно злосторничко здружување, како и против 15 правни субјекти, се наведува дека во периодот од 2019 до 2024 година е причинета штета на државата од околу 94,3 милиони евра. Од таа сума, околу 30 милиони евра се поврзуваат со наводно незаконски поврат на данок на додадена вредност, реализиран преку, како што се тврди, лажни фактури и договори.

— реклама —
— реклама —

Тој во интервјуто, покрај случајот со Ристо Крмзов, се осврна и на состојбата на други затвореници, меѓу кои ги спомена Раде Трајковски „Штекли“, Гани Туша, Стојанче Јовановски и Љупчо Палевски „Палчо“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library65kcrpk7307beL2M7qf

Се повлекува директорот на затворот во Шутка – Владата ќе назначи в.д. директор

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања