Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

(ВИДЕО) Шумари уништувале деловни книги за фирма за пустош низ Кочани

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
drva

Одделението за внатрешни работи Кочани поднесе кривична пријава против Д.Т. од Кочани, референт во Шумско стопанство Осогово Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, Б.Д. од Кочани, поранешен директор на Шумско стопанство „Осогово“ Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „несовесно работење во службата“ и „фалсификување и уништување деловни книги“, Н.Е. од Кочани, референт во Шумско стопанство „Осогово“ Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „несовесно работење во службата“ и „фалсификување и уништување деловни книги“ и против правно лице од Кочани и В.Т. од Кочани, управител во правното лице, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набава или јавно – приватно партнерство“ и „пустошење шума“.

— реклама —

Вработените во Јавното претпријатие „Национални шуми“ – Подружница Шумско стопанство „Осогово“ Кочани, искористувајќи ги своите овластувања и постапувајќи несовесно во извршувањето на своите работни задачи, со пропуштање должен надзор во извршувањето на шумарски услуги и со фалсификување и уништување на деловни книги, му овозможиле на правното лице да ги злоупотреби доделените договори и да изврши пустошење на млада шума во државна сопственост прогласена за заштитен предел и да се стекне со противправна имотна корист во износ од 3.578.019 денари на штета на Јавното претпријатие „Национални шуми“.

— реклама —
skOLcv62bk8

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања