Фолк пејачката Сузана Гавазова повторно не остава никого рамнодушен на социјалните мрежи. Таа објави видео преку кое ја честиташе Новата година и на своите следбеници им посака многу здравје, среќа, радост и љубов.
„Среќна Нова година и среќни новогодишни празници. Ви посакувам здравје, среќа, радост и многу љубов во Новата 2023 година“, вели Гавазова.
На видеото таа носи црн фустан кој ги истакнува нејзините гради со длабок шлиц до колк.
Пејачката вчера настапи во ресторан во Струмица. За оваа пригода таа одбра краток златен фустан со длабоко деколте.
/screenshot-2023-01-01-114134" rel="attachment wp-att-208342">