Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

(ВИДЕО) Сведоштво на Македонец кој беше во автобусот: Кога се разбудив, слушнав вриштење и околу себе видов крвави глави

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

udes-6-620x350

Во сообраќајната несреќа во близина на Лесковац загинаа тројца македонски државјани, маж и две жени, четворица се повредени потешко, а 28 имаат полесни повреди. Меѓу повредените има и едно и пол годишно бебе, како и деветгодишно дете.

— реклама —

„Кога се разбудив слушнав вриштење. Видов луѓе со крвави глави и раце и слушнав некој кажа дека има и загинати”, сведочи за белградските медиуми момче од Битола, кое патувало со автобусот кој ноќеска околу 1.45 часот се преврте кај Лесковац во Србија. Автобусот се излизгал од патот, ја пробил заштитната ограда и се превртел во снегот покрај патот.

— реклама —

— реклама —

Потешко повредените патници се префрлени во болницата во Ниш и никој од нив не е во животна опасност.

,,Не знам кој повика полиција и итна помош, но брзо по несреќата пристигнаа лекарите кои влегоа во автобусот. Веднаш ни пружија помош. Потоа стигнаа и пожарникарите, кои што не извлекоа од автобусот”, раскажува момчето кое што има повреда на раката.

Никој од патниците не знае како се случила несреќата, бидејќи во тој момент речиси сите спиеле. Повеќето од патниците се млади луѓе кои тргнале по работа во Виена.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања