Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Тајфунот „Долфин“ ја погоди Кина: Евакуирани повеќе од милион луѓе, откажани 1.400 летови

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
media-library0atljrsl4m0b35SR3ds
screenshot x

Тајфунот „Долфин“ денеска ја погоди источна Кина, при што властите евакуираа повеќе од еден милион луѓе, беа откажани над 1.000 летови, а кинеските метеоролошки власти го прогласија највисокиот степен на предупредување.

Центарот на тајфунот стигнал до копното во близина на градот Јухуан, во источната кинеска провинција Џеџијанг, околу 17:30 часот по локално време. Во моментот на ударот максималната брзина на ветерот во близина на центарот надминувала 150 километри на час.

— реклама —

Само во крајбрежниот град Венџоу биле евакуирани повеќе од 900.000 жители, а биле отворени над 1.000 прифатни центри. Во меѓувреме, речиси 1.400 летови биле откажани на двете главни аеродроми во Шангај.

Последиците од невремето се почувствувале и во Хонг Конг, каде што температурата достигнала рекордни 36,9 степени. Тамошната опсерваторија објаснила дека високите температури се последица на топлиот воздух што тајфунот го придвижил кон градот.

— реклама —
— реклама —

Пред да стигне до Кина, „Долфин“ донел обилни врнежи и силен ветер на јапонската Окинава. Седум лица биле полесно повредени, а меѓу нив бил и маж постар од 100 години, кој паднал и ја удрил главата откако го соборил силен налет на ветер.

На Окинава повеќе од 5.000 домаќинства останале без електрична енергија, додека на Тајван биле прекинати повеќе десетици траектни линии и откажани над 180 летови.

Кинескиот Национален метеоролошки центар претходно издаде црвено предупредување за тајфунот, што е највисок степен на опасност. Се очекуваат исклучително обилни врнежи во делови од Џеџијанг, како и во Шангај и делови од провинциите Фуџијан, Анхуи и Џиангсу.

Се очекува „Долфин“ постепено да ослабне откако ќе навлезе подлабоко во копното и ќе се движи кон северозапад низ источна Кина.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library0rqpq08n53hn7A46d7t

Во Кина наместо познати личности на билбордите ги поставуваат научниците за да им бидат пример на децата

Вирално | пред 1 ден

— реклама —
media-librarye7nhaeo7c3nfeJcyUBe

(Видео) Пловечки мост во Кина долг 500 метри се наоѓа на само неколку сантиметри над водата

Вирално | пред 3 дена

media-libraryl9eoil3ejtlt3FY55Hl

Кина ја засилува употребата на арктичкиот коридор: Испораките до Европа се скратуваат до 25 дена

Свет | пред 4 дена

media-library4r1bae2krivj7ZG8yTf

(Видео) Катастрофален земјотрес во Кина: Најмалку 16 загинати, стотици куќи урнати

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања