(ВИДЕО) Тарабунов ја препеа безвременската „Едно име имаме“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Магазин
jpntse

Александар Тарабунов препеа безвременската „Едно име имаме“, оригинално отпеана од легендата на македонската фолк музика – Јонче Христовски.

— реклама —

„Горд сум што ја препеав „Едно име имаме“ на Јонче, особено затоа што му беше голем пријател на татко ми“, рече Тарабунов. И додава : Песната ја пеам одамна и ми е многу драга песна, ми буди убаво чувство за Македонија и горд сум што ја препеав и имам можност да ѝ ја претставам на публиката во едно ново руво“, вели Тарабунов и се присетува на една убава случка поврзана токму со македонската фолк легенда: „Одамна ми беше голема желба да препеам некоја од безвременските песни на Јонче Христовски бидејќи беа големи другари со татко ми. Се сеќавам дека кога бев мал на еден мој роденден Јонче ми подари цела ќеса џамлии „црнки“ коишто во тоа време беа највредните. Со роденденскиот подарок излегов во маало да играм со другарите и поголемите ме намирисаа и ми ги ќарија сите џамлии. Кога се вратив дома татко ми ме праша каде ми се џамлиите од Јонче, е а кога дозна каде се отиде на врата да им ги бара “, раскажа Тарабунов.

— реклама —

— реклама —
QhV2kukcM20

Видеото за „Едно име имаме“ во изведба на Александар Тарабунов е со потписот на Скендеровски продукција, која стои зад проектот „Македонијо во срце те носиме“, а во чии рамки се препеани 12 македонски легендарни песни, во изведба на 12 изведувачи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања