Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

(Видео) Тасевска: Повеќе пари за македонското културно наследство, СДСМ поднесе измени на Законот за игри на среќа,

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија


Пратениците од СДСМ поднесоа Предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри.

— реклама —

Нашат цел e со овие измени дел од парите кои се влеваат во државниот буџет преку игрите на среќа да се наменат за зачувување на нашето домашно, македонско културно наследство, истакна на денешната прес-конференција, Лидија Тасевска, пратеничка на СДСМ.


[embed]

— реклама —

На овој начин, како што рече ќе се обезбеди соодветно зачувување на културното наследство во неговата автентична и интегрална форма.


Според неа, создавањето нов кадар за заштита на културното наследство и континуираната едукација на постојниот кадар во заштитата, нужно упатува на потребата од дополнителни финансиски средства со кои ќе се стипендираат кадри на сите три циклуси во образовниот процес.

— реклама —

„Со Предлогот на законот за именување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри предлагаме членот 16 од Законот да се измени.


Да се овозможи средствата остварени по сите основи од приредувањето на игрите на среќа и на забавните игри да се користат и за јавните установи за заштита на културното наследство преку Министерството за култура и за степендирање на дефицитарни кадри во заштитата на културното наследство преку Министерството за образование и наука.

— реклама —

Износот се определува на 50% од вкупниот приход од игрите на среќа и забавните игри утврден во претходната календарска година, но не помалку од 60 милиони денари и не повеќе од 120 милиони денари.


Бараме поддршка од сите пратеници за донесување на на овие измени на Законот затоа што придобивките се големи: ќе се надмине проблемот со кадровска дефицитарност на стручниот кадар во заштитата на културното наследство; ќе се создадат стручни кадари кои ќе бидат подготвени да ги спроведат сложените постапки на непосредна заштита на културното наследсво, согласно највисоките меѓународни стандарди; ќе се зголеми бројот на заштитени културни добра, ќе се унапреди заштитата, управувањето и одржливото користење на културното наследство; ќе се придонесе кон зачувување на културното наследство како моќен ресурс за развој на целокупното општество како и за промоција на европските фундаментални вредности и двигател на економскиот и туристичкиот развој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања