Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

(ВИДЕО) Теа Трајковска со деби албум и промоција на спот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Магазин

Вчеравечер пред присуство на голем број пријатели, колеги, соработници и новинари, пејачката Теа Трајковска го промовираше својот прв албум насловен како „Која сум јас“.

— реклама —

— реклама —
— реклама —

Промоцијата се одржа во ресторанот „Портофино“ во Скопје, а покрај албумот, Теа го промовираше и нејзиниот најнов видеоспот за една од темите на албумот  - „Кога најдобро те познавам“.

Деби-албумот на Теа е дело на познатиот хит-мејкер Лазар Цветковски и неговата сестра, Магдалена Цветковска, а на дел од песните како текстописец се потпишува токму и Трајковска.

  • Тие што ме знаат, знаат колку сакав да го затворам ова поглавје и колку работевме со Лазе за да стигнеме до тука. Пресреќна сум што албумот конечно излезе, мислам дека секоја песна си зборува доволно сама за себе и сакам да се заблагодарам на сите што беа со мене до денес и да им ветам многу нова музика од денес. За самото видео верувам дека ја доловивме емоцијата што ја носи песната, која патем е една од моите омилени теми на албумот – изјави Теа.

Инаку спотот е дело на Бане Поповиќ и „Томато-продукција“, а во него покрај Теа улога има и младиот актер Дени Ајдаревиќ и танчерката Бојана Додевска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања