NASA соопшти дека е откриен нов, мал сателит кој орбитира околу Уран. Месечината, со дијаметар од околу десет километри – големина еквивалентна на 90 фудбалски терени – за првпат била забележана на 2 февруари преку вселенскиот телескоп James Webb. Со ова откритие, бројот на познати месечини на седмиот планета од Сонцето се зголеми на 29.
„Ниту една друга планета нема толку многу мали месечини како Уран“, вели Метју Тискaрено, виш истражувач во Институтот SETI и член на научниот тим. Тој додава дека „сложената врска“ меѓу месечините и прстените на планетата укажува на хаотична еволутивна историја на Уран.
Новата месечина се наоѓа на околу 56.000 километри од центарот на планетата и има речиси кружна орбита. Се уште се прават дополнителни набљудувања за да се потврди нејзината точна големина и карактеристики. Името ќе го одобри Меѓународната астрономска унија, во согласност со традицијата сите уранови сателити да ги носат имињата од Шекспир и Александар Поуп.
„Тоа е мал месец, но големо откритие – нешто што дури ни мисијата Voyager 2 не успеа да го види пред речиси 40 години,“ изјави научничката Маријам ел Муотамид од Southwest Research Institute.
Voyager 2, кој прелета покрај Уран во 1986 година, обезбеди први детални фотографии од планетата и откри два нови прстени и 11 месечини. Но, поради својата микроскопска големина, најновата месечина останала невидлива за неговите камери.
Научниците нагласуваат дека ова откритие е доказ како современата астрономија продолжува да ги надградува наследствата на старите мисии. „James Webb ни овозможува да видиме повеќе и подалеку – и да ја откриваме динамиката на вселената со невидена досега прецизност,“ заклучуваат од NASA.