Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Тепачка пред полициската станица во Кочани: шестмина се тепале, а сега може да одговараат и полицајците

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-libraryqck67b0sg6ph31KCZsv

Групна тепачка се случила во Кочани, во непосредна близина на полициската станица, а во физичката пресметка учествувале шест лица. Четворица од нив биле приведени, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Според МВР, настанот се случил вчера, 15 август, околу 19:15 часот на улицата „Тодосија Паунов“.

— реклама —

Полициски службеници од Полициската станица Кочани ги привеле Ж.В. (22), Ј.В. (19) и М.В. (47), сите од Кочани, како и И.А. (46) од селото Баница, струмичко.


— реклама —
— реклама —


Од полицијата информираат дека по претходна расправија бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка во која учествувале вкупно шест лица.

По преземените мерки и документирањето на случајот, против приведените биле поднесени соодветни поднесоци.

— реклама —

Но, МВР најавува и дополнителна проверка на целиот настан. За целосно утврдување на околностите, како и на евентуални пропусти при полициското постапување, ќе бидат вклучени Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди и Одделот за униформирана полиција.

Тоа отвора и прашање како дошло до групна физичка пресметка во непосредна близина на полициската станица и дали при реакцијата на полициските службеници имало пропусти, што сега треба да го утврдат надлежните оддели во МВР.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library56hk7lb4f6ka1gJD87D

(Видео) Десетина лица се пресметуваат со УФЦ-борецот: Објавена снимката од инцидентот

Вирално | пред 23 часа

— реклама —
media-libraryie48hjhqtmrn7cC8qfa

(Видео) Полицијата ги најде жените кои се пресметаа среде улица во Скопје: Ќе има соодветна пријава

Скопје | пред 3 седмици

media-libraryrcicocpvgc9icHeuw1S

(Видео) Драма на „Теодосиј Гологанов“ – жена среде улица отвори врата од автомобил и ја нападна жената зад воланот

Скопје | пред 3 седмици

media-libraryc2181cn5tifo2MkVzla

Тепачка во Шуто Оризари: Двајца браќа се степале со мајка си

Скопје | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања