Маж на возраст од околу 30 години влегол во Кам маркет без да стави заштитна маска. На ова реагирале вработените, по што тој ги нападнал.
На 15.03.2022 во 22.00 часот В.П.(22) од Скопје пријавил дека околу 16.50 часот додека ги извршувал своите работни активости како касиер во маркет на подрачјето на Центар влегло маж на возраст од околу 30 години без заштитна маска да пазари и од страна на неговата колешка му било укажано да стави заштитна маска поради запазување на здравствените протоколи. Тогаш лицето станало агресивно и физички ги нападнало. Се работи на расчистување на случајот.