Француската јавност е силно вознемирена, откако денеска на Францускиот остров Олерон е маж, извикувајќи „Алаху Акбар“ намерно удрил со своето возило во група пешаци и велосипедисти, повредувајќи најмалку десет лица.
Неколкумина од повредените се во критична состојба.
Полициските сили реагирале брзо и го уапсиле осомничениот на лице место, кој и при апсењето извикувал „Алаху акбар“.
Кристоф Сиор, градоначалник на Сен-Пјер-д’Олерон, се обрати до јавноста на BFMTV:
Ова е шок што не се опишува со зборови за целата наша заедница. Невини луѓе кои само пешачеле или возеле велосипед беа нападнати. Нашите мисли се со повредените и нивните семејства.
Обвинителството во Ла Рошел отвори истрага за обид за убиство, додека Националното обвинителство за борба против тероризмот (ПНАТ) го презеде случајот, што укажува на можна терористичка позадина. Идентитетот на осомничениот сè уште не е официјално објавен, а мотивите за нападот остануваат непознати. Меѓу повредените има и возрасни и деца, а неколку жртви во тешка состојба се однесени во болниците во блиските градови Ла Рошел и Поатје.