На интернет се распространи снимка од возач и совозач во електричен автомобил „тесла“ кои спијат додека возилото се движи по автопат со брзина од околу 100 километри на час. „Бев изненаден кога ги видов. Возев покрај нив, возачот спиеше со спуштена глава, а рацете му беа на воланот. Им свирев за да ги предупредам, но тие не реагираа. Изгледаа како да се преморeни“, раскажува Дакота Рандал, кој го снимил видеото и го објавил на „Твитер“, пренесува хрватски „Индекс“.
На веб страницата на Тесла стои дека автопилотот е наменет за внимателни возачи кои што ги имаат рацете на воланот и се подготвени да ја превземат контролата над автомобилот во било кое време. Предупредуваат дека автопилотот бара активен надзор од возачот и не значи дека возилото треба само да вози.
https://twitter.com/DakRandall/status/1170777292768985089?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1170777292768985089&ref_url=https%3A%2F%2Fmakfax.com.mk%2Fzanimlivosti%2F%25d0%25b2%25d0%25b8%25d0%25b4%25d0%25b5%25d0%25be-%25d0%25b2%25d0%25be%25d0%25b7%25d0%25b0%25d1%2587-%25d0%25b8-%25d1%2581%25d0%25be%25d0%25b2%25d0%25be%25d0%25b7%25d0%25b0%25d1%2587-%25d0%25b2%25d0%25be-%25d1%2582%25d0%25b5%25d1%2581%25d0%25bb%25d0%25b0-%25d1%2581%25d0%25bf%25d0%25b8%25d1%2598%2F