Тешки повреди има мажот кој вчера беше најден со превртен велосипед во Стопански двор. Од МВР велат дека и увидна екипа била на местото каде се случила несреќата, а се работи на расчистување на случајот
„Во 16.00 часот било пријавено дека во Скопје на ул.„52“ во Стопански Двор Ѓ.П.(79) од Скопје, кој претходно управувал велосипед, паднал на коловозот, при што се здобил со тешки телесни повреди во Комплексот клиники 'Мајка Тереза'“, велат од МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.