Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Техеран тврди дека соборил три американски авиони

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Свет
media-library9lt4srgbgcji8bM4s1P

Иранското воено раководство соопшти дека противвоздушната одбрана на земјата соборила три американски борбени авиони, наведувајќи дека леталата биле погодени од огнот на домашните одбранбени системи.

— реклама —

Во соопштението се тврди дека бројот на урнати американски летала се искачил на три, без да се наведат дополнителни детали за типот на авионите или местото на наводното соборување. Од утринските часови, регионалните медиуми и социјалните мрежи споделуваат снимки на кои, наводно, се гледа пад на авиони и катапултирање на пилоти. Засега нема независна потврда за овие тврдења.

— реклама —

Паралелно со овие наводи, Министерството за одбрана на Кувајт информираше дека неколку американски борбени авиони утринава се урнале на територијата на земјата, но дека сите пилоти ја преживеале несреќата. Според кувајтските власти, членовите на екипажот успешно се катапултирале и биле пренесени во болница на преглед, при што било утврдено дека се во стабилна состојба.

— реклама —

Засега не е јасно што довело до падот на американските летала во Кувајт. Инцидентот се случил во период на интензивна иранска ракетна и артилериска активност насочена кон копнени цели, а кувајтското Министерство за одбрана соопшти дека истрагата за „причините за инцидентот“ е во тек.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3lp5aqc3s2v192BIUrY

Арагчи со предупредување: „Иран го нападнаа двапати, ако се обидат повторно, резултатот ќе биде ист“

Свет | пред 5 дена

— реклама —
media-libraryp4td1q8uuucqamn57JJ

„Ќе ги кренат рацете и ќе се предадат“ – Трамп со остра порака до Куба

Свет | пред 6 дена

media-libraryjkf1kip65pc7cmRzgab

Иран се закани дека ќе ги нападне американските бази ако продолжи придружувањето на бродови

Свет | пред 1 седмица

media-libraryjkf1kip65pc7cmRzgab

(Видео) Пожар на нафтен танкер во Ормускиот Теснец, Иран тврди дека удрил во мина

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања