Тоше требаше да го прослави 43. роденден, а нецели 17 години овој ден го слават неговите обожаватели, пријателите, семејството во Спомен куќата во Крушево. Попладнево, пак, тивко.
Свеќите пред неговото вечно почивалиште сведочат дека нашата легенда не е заборавена од семејството, обожавателите, пријателите. Традиционално, се одржа и крводарителната акција.
Роденденот на Тоше го отвори и прашањето колку се почитува неговиот лик и дело. Српска „Прва ТВ“, во недела најавува емисија насловена како „Единствен“, а во негово сеќавање. Во Македонија – молк.
Ова го отвори прашањето и за снимање филм во чест на нашата музичка легенда, а посветен на неговиот живот и дело.