„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(ВИДЕО) „Тоа беше најлошиот роденденски подарок“, сведоштво на скопјанецот кој беше спасен на Халкидики

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
Screenshot-2022-08-08-104930

Скопјанецот Иван (30) кој кој минатиот месец заедно со пријателите исчезна на отворено море од плажата Мити на Халкидики, но беше спасен по 20-тина часа од страна на грчките спасувачки служби ја раскажа својата шокантна приказна за преживувањето и спасувањето.

— реклама —

„Вториот ден кога видов дека сите бараат по околните места. Тогаш сфатив дека веројатно нема да ме најдат“, вели Иван, опишувајќи низ што поминал и што размислувал во тие тешки часови.

„Беше разочарувачки. Поминаа 20 скоро 21 час“.

— реклама —

Тоа беше најлошиот роденденски подарок, во смисла на хоророт низ кој помина и кој го опишува за грчката телевизија СКАИ.

obohGPlV0BY

Иван овој роденденски подарок никогаш нема да го заборави. Еден месец подоцна, во разговор со новинарот Христос Николаидис го опишува времето на теророт, кога струите го носеле од плажата Мити до Посеиди на Халкидики каде го прославувал својот роденден, 15 наутички милји подалеку, јужно од Касандра.

Во тие моменти противник му е студот и темнината. Иван многу карактеристично го опишува „мирисот на смртта“ кој се чувствува кога во текот на ноќта нема надеж за спасување.

„Тоа е исто како и секое друго чувство, вие само ја прифаќате вашата судбина, правите што можете и се концентрате на  својот опстанок. Најдов мала топка, детска топка. Вториот ден беше тоа, само неколку часа по изгрејсонцето. Ја најдов топката во морето и допливав кон неа и ја држев со раце. Таа беше малку издишана. Беше разочарувачки“, вели Иван.

„Само благодарам, вистинска благодарност до сите што учествуваа во моето спасување без разлика на нивната улога“, изјавува Иван, сеќавајќи се како се чувствувал кога сфатил дека хеликоптерот што лета над него го забележал.

Сега Иван се обидува да го заборави тоа што се случи, но никогаш нема да престане, како што вели, да ги води сопствените битки, објави грчката телевизија.

Кратко по исчезнувањето на 9.јули од морето е извлечен неговиот пријател Васил, а потрагата по Мартин Јовановски официјално, од страна на грчката крајбрежна служба ОФКАТ прекина пред десетина дена, но пријателите не се откажуваат и остануваат да го бараат по бреговите на Халкидики.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања