Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

(Видео) Тони Шанац за првпат за кандидатурата во Куманово: Добив шут во дупе, закачив живото-загрозувачки херпес, бев со страшни болки

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
Screenshot-2025-07-19-at-11.05.29

Актерот и поранешен кандидат за градоначалник на Куманово, Тони Михајловски, првпат јавно прозборе за своето искуство од локалните избори во 2021 година, во подкастот „Претрес со Ландов“. Тој вели дека бил оставен на цедило и отфрлен, и тоа од страна на луѓе кои првично го поддржале.

— реклама —

„Како не, тоа е шут во дупето. Што ја напиша Коле Ангеловски – ‘клоца у г’з’. Јас сум многу голем емотивец, тука ми е и најголемиот проблем“, рече Михајловски.

— реклама —

— реклама —

Тој откри дека по изборите добил тежок здравствен удар – животно загрозувачки херпес зостер на нервниот систем, како последица од нервоза и разочараност.

„Педесет и четири дена бев во страшни болки. Оној што го имал – ни на душман не му го посакувам. Не знаев зошто. И ден денес не ми е јасно“, вели тој.

Михајловски не го крие незадоволството. Според него, идејата за кандидатурата потекнала од врвот на партијата, но подоцна чувствувал дека не само што бил изигран, туку и свесно маргинализиран.

„Не сум се упикувал, не сум молел да ме кандидираат. Ама после ме оставија сам. Уште има луѓе што ми доаѓаат – ‘ајде бе, некоја функција ќе добиеш ли?’. А јас не ни сакам – не се туркам, не се наметнувам“, додава тој.

Актерот изрази и сомнеж дека Куманово било дел од пазар: „Историска шанса беше. СДС беше ослабен. Ако ВМРО-ДПМНЕ ја искористеше, ќе го сменеа Куманово после 27 години. Ама некој, изгледа, преговарал за Скопје, па Куманово било разменска монета. Тебе те шуткаат.“

Михајловски завршува со коментар за тоа колку бил повреден од негов колега:

„Еден колега ми рече: ‘тебе сите партии ти помагаа’. А јас не можам да разберам – на кој начин ми помогнаа сите партии?“

ЦЕЛ ПОТКАСТ:

4ZjFUoIqfzc

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 1 месец

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 1 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 1 месец

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања