Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Товарен воз излета од шините во Хрватска, 11 вагони завршија во провалија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Свет
media-librarytl0sr34ti6q6fmHhWT0

Товарен воз на превозникот „Трансагент“ утрово излетал од шините на влезот во железничката станица Меја во Хрватска, при што 11 вагони завршиле во провалија. Нема повредени, но е причинета голема материјална штета.

— реклама —

Несреќата се случила денеска, во 9:25 часот. Возот се движел кон Риека и превезувал жито, соопштила „ХЖ Инфраструктура“.

— реклама —

Според досегашните информации, машиновозачот пред излетувањето го известил диспечерот дека сопирачките откажале и дека не може да го запре возот. Набргу потоа, композицијата излетала од шините на влезот во железничката станица Меја.

— реклама —

Единаесет вагони се сурнале во провалија, додека локомотивата и два вагона останале во станицата. Во несреќата нема повредени лица.

На подрачјето на станицата е причинета голема материјална штета. Поради последиците од несреќата, железничката станица Меја е затворена за целиот железнички сообраќај.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryq9s7u9mu8rvqe9nbPVH

Новинари прикажани обесени на дрво: хрватската полиција упаси функционер поради закани кон 11 новинари

Свет | пред 6 дена

— реклама —
media-libraryn1rmsm11nfn8dXvEi5G

„Мажите ми го плаќаа кокаинот за да бидат во мое друштво“ – потресна исповед на поранешната пејачка

Сцена | пред 1 седмица

media-library9dk9tqncu150fQrRGvs

„Слатка“ заплена на границата меѓу Хрватска и Србија: возач на камион скрил 400 тегли Нутела

Балкан | пред 1 седмица

srbija-protesti

Хрватска ги повика граѓаните да ги одложат непотребните патувања во Србија пред изборите

Балкан | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања