Најмалку едно лице загина, а 47 се повредени од сè уште непознати причини на стадион во Лима за време на собирање на навивачи пред фудбалското дерби, изјави перуанскиот министер за здравство.
„Се случи трагичен инцидент на стадионот, при што се повредени 47 лица, а за жал има и еден смртен случај“, изјави министерот Хуан Карлос Веласко, без да прецизира што точно се случило.
Меѓу повредените има тројца малолетници, а 39 лица се пренесени во болница. Тројца се во критична состојба, додаде министерот.
Првично се споменуваше можноста за уривање на трибина на стадионот Алехандро Вилануева, но фудбалскиот клуб Алианца Лима, но пожарникарите го негираа тоа.
Клубот изрази жалење за смртта на навивачот, но нагласи дека не станува збор за „уривање на ѕидови или структурни недостатоци на стадионот“.
Претставник на пожарната служба исто така изјави дека „структурата на јужната трибина изгледа во добра состојба“ и дека нема знаци на уривање или остатоци на теренот.
Дербито меѓу Алианца Лима и Университарио сепак ќе се одигра, но на друг стадион во Лима, во сабота во 20 часот по локално време, соопшти перуанската фудбалска лига.