(Видео) Трамп помилува две мисирки за Денот на благодарноста

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Магазин
tramp-misirka

— реклама —

— реклама —

— реклама —

Американскиот претседател, Доналд Трамп, за време на традиционалната годишна церемонија помилува две мисирки во Белата куќа во пресрет на американскиот празник Денот на благодарноста. Како што пренесуваат американските медиуми, на шега, Трамп ги предупредил мисирките – Грашок и Морков, дека и покрај тоа што ги спасил со претседателски указ да не завршат на празничната трпеза, можеби сепак мораат да им одговараат на демократите.

_WclrG4J-hM

Како што им рекол, демократите од јануари ќе имаат мнозинство во Претставничкиот дом на Конгресот, а веќе ветиле дека ќе ги истражат сите негови одлуки и деловни ангажмани.

Белата куќа преку интернет организирала натпревар меѓу навивачите на двете мисирки за да се утврди која ќе биде помилувана, а Трамп првин објавил дека среќна птица е Грашок, но подоцна одлучил да ги помилува и двете.

Инаку, оваа традиција на помилување мисирки ја воведе поранешниот претседател на САД, Џорџ Буш Постариот уште во 1989 година кога го поштеди животот на една мисирка, која била тешка околу 23 килограми, потсетува АП.

Денот на благодарноста Трамп ќе го помине со семејството на нивниот имот на Флорида.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања