Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

(Видео) Трифун Костовски пред обвинението: Со сила да ме тужи некој, ќе станам како животно

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 22 часа -

Македонија
media-librarya9kaejli4vg94paFKfI

Бизнисменот Трифун Костовски, гостувајќи во поткастот „Претрес со Ландов“, месец дена пред против него да биде поднесен обвинителен предлог за стечајот на Еуростандард банка, изјави дека не само што не бега од судска постапка, туку и самиот бара да биде обвинет за, како што рече, пред судот да се открие целата вистина за пропаѓањето на банката.

Костовски категорично негираше дека има вина за стечајот и рече дека токму судскиот процес е местото каде што јавноста ќе може да ги дознае сите околности.

— реклама —

„Јас ја барам правдата. Обвинителството да донесе било каква одлука, за да излезам на суд. И ти и цела јавност да дознае сѐ. Прифатливо е за мене да бидам обвинет“, рече Костовски.

На прашањето дали би ја прифатил судската пресуда доколку биде осуден, тој одговори дека ќе ја признае само доколку е заснована на вистината.

— реклама —

„Судска одлука нема да прифатам ако е лага. Со сила да ме тужи некој, ќе станам како животно. Ќе реагирам на различни начини. Ќе ја тужам мојата Македонија надвор. Ќе ја ставам да биде казнета“, рече Костовски.

— реклама —

Тој зборуваше и за последиците што, според него, ги трпи по стечајот на Еуростандард банка, наведувајќи дека веќе пет години живее со замрзнат имот.

— реклама —

„Пензионер сум тука и во Австрија. Имав приходи кои требаше да ги отуѓам за да ја водам оваа борба. Од никого не барам жалост, само барам да разбере дека станува збор за чесност и достоинство. Тоа не го давам по никоја цена“, рече Костовски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

ojo

Обвинителство се огласи во врска со стечајот на „Еуростандард“ банка

Македонија | пред 3 години

— реклама —
trifun-kostovski-55

Здружението на оштетени штедачи од банката на Костовски: Еве што Трифун избегнува да признае

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања