Дополнителниот заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски најави засилени контроли на Охридското Езеро. Министерот од Охрид порача дека целта е да се заштити националното богатство до избор на нов концесионер.
– Во услови кога Охридското Езеро нема концесионер и е без заштита, Миинистерството за земјоделство преку Државниот инспекторат, заедно со Министерството за внатрешни работи да ги засилат контролите на терен, со цел заштита на ова природно богатство и рибниот фонд што дополнително е загрозен, рече Трипуновски.
Инаку Трипуновски во Охрид беше и на 5 ти јануари, кога изјави:
„Она што сакав да го потенцирам од средбите кои што ги имав денеска во охридскиот регион е негрижата која што ја имаа Владата кон Охридското Езеро, поточно кон рибниот фонд. Само за потсетување минатата година, за прв пат откако е основан Хидробиолошкиот Институт од 1935 година, не се изврши порибување на Охридското Езеро. Тоа е една катастрофална ситуација каде што практично го доведуваме до знак прашање рибниот фонд којшто постои овде.
Исто така во разговорите и информациите коишто ги добив е сомнителниот начин на порибување на Охридското Езеро со јагула, каде што набавката беше извршена од Компанија ЕЛЕМ.
Согласно моите овластувања како дополнителен технички министер во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство овие две активности ќе ги проверам и во наредниот период ќе ја информирам јавноста за сите злоупотреби и несериозен однос кој што го прави Владата во делот на Охридското Езеро, едно од природните богатства кои што ги има Република Македонија.
https://www.facebook.com/tripunovskicvetan/videos/313456162883226/?v=313456162883226