Со гласни пораки дека „нема слобода без слободни жени“, се одбележа годинешниов Ден на жената. Тие порачаа „нема да нѐ снема“, а преку говори се зборуваше за проблемите со кои се соочува понежниот пол низ годините.
Се осврнаа и на насилството врз жените кое изминатиов период доживеа експанзија, особено по трагедијата во Карпош. Преку транспаренти порачаа „Спот за насилството, љубовта не убива, љубовта сака“. Реагираа за жените кои бараа спас во институциите, прашувајќи „пријавија и што дека?“, а преку друг транспарент констатираа „Трпи си, пријави си, умри си“.
Упатија порака и до работодавачите, на кои им порачаа „Жените работнички не се ваши машини – ние сме вашата револуција“. Иронично, прашаа „Здраво, колку букети ви е животот“, алудирајќи на тоа дека денот се претворил во подарување цвеќиња без да се запази суштината.
Тие побараа унапредување на женските права, поголема заштита од институциите и правично општество.