Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

(ВИДЕО) Тупанчески: Меѓународен договор не може да се суспендира со закон

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
1-9

„Членот 118 од Уставот е прецизен и во него е утврдено дека меѓународните договори што се ратификувани се дел од внатрешниот поредок и не можат да се менуваат со закон”,рече министерот за правда Никола Тупанчески во интервју за А1он осврнувајќи се на прашањето за поднесената иницијатива на ВМРО ДПМНЕ за распишување задолжителен референдум за Договорот за добрососедство со Бугарија.

— реклама —

Меѓународното право мора да се почитува, во спротивно според Тупанчески ,тоа би довело до отворање на Пандорината кутија.

„Дали еден меѓународен договор може да се суспендира со закон?Во однос на правната сигурност во една држава, Република Северна Македонија има потпишано многу билатерални и мултилатерлни договори. Тоа значи дека како држава можеме еднострано или врз основа на највисоката алатка на демократијата-референдум, да ги коригираме тие договори. Постои можност, нашата држава еднострано да не го прифати тој договор,но начинот на кој треба да го направи не треба да биде онаков како што сега се прави”,рече Тупанчески.

— реклама —

Во интервјуто за А1он, министерот посочи дека рестриктивното толкување на Уставот е подобро, односно постапувањето на Џафери.

„Се согласувам дека во ингеренциите на претседателот на Собранието влегува оценката на уредноста. Дали претседателот треба мериторно да ја оценува самата иницијатива ,има две стојалишта.Да сум на местото на Џафери,би постапил исто затоа што и да беше оставена таа иницијатива, дефинитивно ќе имаше луѓе кои ќе ја оспореа”,потенцира министерот за правда Никола Тупанчески.

5vZItt5laeU

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 1 месец

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 1 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 1 месец

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања