Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Турција покажа нова балистичка ракета со дострел од 6.000 километри

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Свет
media-libraryrqha6s2ms2lt3sZmzyP

Турција го претстави прототипот на интерконтиненталната балистичка ракета (ICBM) „Јилдиримхан“, во рамки на настојувањата да ја зајакне воената самостојност и да се позиционира како клучен одбранбен актер на Блискиот Исток и во рамки на НАТО алијансата.

Според достапните податоци, „Јилдиримхан“ (молња) има дострел од околу 6.000 километри и може да погоди цели во Европа, Африка и Азија, додека засега производството на ракетата сè уште не е започнато.

— реклама —

Во денешниот разговор за Al Jazeera, експертите наведуваат дека ракетите со дострел поголем од 5.500 километри се класифицираат како интерконтинентални.

— реклама —

Се наведува дека ракетата достигнува брзина до 25 маха, има четири погонски мотори и користи течно гориво на база на азот-тетроксид, додека боевата глава може да носи товар до 3.000 килограми.

Турскиот министер за одбрана Јашар Ѓулер изјави дека Турција сака на сојузниците да им понуди не само вооружени системи, туку и технолошки решенија и одржлива безбедносна рамка.

— реклама —

Експертите оценуваат дека претставувањето на прототипот е значајно, пред сè поради развојот на домашните технолошки капацитети, а не нужно поради самата оперативна употреба на ракетата.

Претставниците на турската одбранбена индустрија оценуваат дека новиот проект претставува исчекор во зајакнувањето на воената технологија и одвраќањето, како и амбиција на Турција да го зајакне своето глобално влијание.

— реклама —

Аналитичарите велат дека Турција последните години развива стратегија за намалување на зависноста од странски добавувачи и зајакнување на домашната воена индустрија, која значително пораснала од 2010-тите години.

Турција денес е една од поважните земји на НАТО, со втора по големина постојана армија во Алијансата и растечки извоз на оружје, кој во 2025 година надминал 10 милијарди долари.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8iekmmmqemhn4fRaQMe

Турција планира шест нови нуклеарни реактори со моќност од 4.500 мегавати

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-library5qujv2uca6ud0xWJ3Wl

Тешка трагедија во Турција: Најмалку 16 загинати во експлозија во фабрика за челик, се трага по затрупани лица

Свет | пред 4 дена

media-librarybe0lj08un5agaFHAKEv

Турски суд одреди притвор за поранешна министерка, под истрага за тргување со повластени информации

Свет | пред 1 седмица

media-libraryhfgln0iq7re49I6sgX2

(Видео) Крвав напад во Турција: Осум лица убиени, полицијата трага по напаѓачот

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања