Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

(Видео) Туристи останаа изненадени: Колку чини секојдневниот живот во една од најмалите држави

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 часа -

Настани
media-librarykcb2737d8nrv4hDFBQT
фото: unsplash

Сан Марино важи за една од најмалите држави во светот, а многумина биле изненадени од цените во тамошните маркети, кои на Јутјуб се појавија благодарение на двајца блогери.

Сан Марино е една од најмалите држави во светот и се наоѓа на Апенинскиот Полуостров, целосно опкружена со Италија. Позната е како популарна туристичка дестинација, а поради својата локација многумина ја посетуваат при патувања низ Италија.

— реклама —

Креаторите на содржини кои објавуваат на Јутјуб каналот „The Adventures of Dame Ristovski“ неодамна снимија видео со споредба на цените на намирници во супермаркетите во оваа мала европска држава во однос на остатокот од Европа.

Во видеото прикажале реални цени на полиците, давајќи им на патниците и љубопитните јасен увид во трошоците за секојдневно пазарење во Сан Марино.

— реклама —

Алкохол и пијалоци

При влез во супермаркетот почнале со одделот за пијалоци и алкохол.

Џин се продава по цена од 14,50 евра, што го оцениле како сосема нормална цена. Во понудата забележале и други познати брендови и заклучиле дека тој дел од продавницата не отстапува многу од европските цени.

Овошје

Кај овошјето останале помалку задоволни. Едно авокадо чини 2,50 евра, половина килограм мандарини 2,10 евра, јагоди 2,30 евра, додека спакувани портокали 2,76 евра. Особено ги изненадиле високите цени и покрај тоа што Италија е веднаш преку граница.

„Реално, овошјето е скапо“, заклучиле во видеото, додавајќи дека очекувале пониски цени.

Чоколади и слатки

Чоколади од 75 грама се продавале по 2,50 евра, додека еден премиум производ со бадеми чинел дури 17 евра за 250 грама.

Домашни потреби

Од друга страна, производите за домаќинство биле значително попристапни. Прашок за перење чинел помеѓу 3,50 и 3,60 евра, омекнувач околу 3 евра, а средства за миење садови од 1,99 до 2,99 евра.

Паста за заби можела да се најде по цени од 1,99 до 2,99 евра.

Храна за домашни миленици

Храната за миленици исто така не била претерано скапа. Производите за мачки и кучиња се движеле околу 2,49 евра, додека некои мали грицки чинеле само 69 центи.

Деликатеси

Мортадела чинела 1,80 евра за 100 грама, односно околу 18 евра за килограм. Креаторите ја пофалиле мортаделата од Болоња, нарекувајќи ја „вистинска мортадела“ со посебен вкус. Панчета била поскапа, 3,50 евра за 100 грама, додека одредени салами чинеле 2,80 евра.

Млечни производи, сокови и конзервирана храна

Јогуртите почнувале од 1,85 евра, Фанта била 2,99 евра, пијалак од алое вера 2,50 евра, а голема конзерва туна 3,79 евра. Кисели краставички се продавале по 2,69 евра.

Тестенини

Особено ги изненадиле тестенините, бидејќи цените биле многу конкурентни. Пакувања од половина килограм чинеле околу 1,60 евра, додека популарната „Барила“ била 1,50 евра за 500 грама.

„Тоа е искрено евтино“, велат во видеото.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања