„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(ВИДЕО) ТВ Алфа: Преспанско езеро пред катастрофа, изгубиле во кубикажа некаде околу две дојрански езера

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија

Дали некој можеше да претпостави дека на Преспанското езеро ќе му се закани слична судбина како на Балатон во Унгарија, кое речиси дојде до пресушување. Со Баба планина и Галичица без снег, со 80- 90 отсто пресушени сливни подрачја, со водени површини под нултата кота од 3 метри и шеесет сантиметри, со исцедување на водените ресурси од два метри за една и пол година?  Денеска, објективот на ТВ Алфа кај Асамати, долови една апокалиптична слика која ја споделивме со тамошните рибари, објави ТВ Алфа.

— реклама —

Се надевам дека оваа алармантна состојба на Преспанското езеро ќе ја согледаат сите и ќе ја дигнеме на едно високо ниво, ако треба и глобално, за да не ни дојде како ситуацијата бво Маџарска кога Балатон пред 4 години доживеа еколошка катастрофа – рече Наумче Ставрвевски, концесионер на Преспанското езеро.

Последиците допрва ќе се согледуваат, а први на удар ќе бидат рибите.

— реклама —

Со едно метро и деведесети ичетири сантими, ние сме изгубиле во кубикажа некаде околу две дојрански езера. Тоа е факт. Како го афектира рибниот фонд? Ако изгубите милиони кубици на вода, се намалува капацитотот на кислородот на водата и таа риба се однесува поинаку од пред четириесет години кога водата во Преспанското езеро била чиста – рече Ставревски за ТВ Алфа.

Текстот во целост на: ТВ АЛФА

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања