Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

(ВИДЕО) „Убиецот има име“ се извинува во Тетово, додека осомничената за убиството на момчето фрлено во Пена е во судот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
Screenshot-2022-12-27-at-15.34.59

Со качулка на главата, 17-годишната девојка, која е осомничена за убиство на 16-годишното момче од тетовско Бањиче, денеска беше донесена во Основниот суд во Тетово.

— реклама —

Како што информира порталот на албански јазик „Тетова сот“, девојката денеска требало да даде исказ пред судија.

Додека таа беше во судот, пред зградата се собраа другарите на момчето кои извикуваа: „Убиецот има име, правда за Бахарин“.

— реклама —

Основното јавно обвинителство Тетово пред неколку дена потврди дека 17-годишна девојка е осомничена за убиство на една година помладото момче чие безживотно тело беше пронајдено во реката Пена, кај месноста Бањиче во Тетово.

Според Обвинителството, малолетната девојка го извршила убиството со умисла по претходна вербална расправија.

„Осомничената седуманесетгодишна девојка со умисла лишила од живот дете на возраст од 16 години. По вербална расправија во автомобил кај местото викано Бањиче, таа со остар предмет го удрила оштетениот во главата неколкупати нанесувајќи му тешки телесни повреди опасни по живот. Потоа го турнала во реката Пена, а лицето било пронајдено починато по течението на реката“, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања