Промени тема
Контакт

(Видео) Угината крава втор ден стои на пат близу училиште во Крива Паланка, до вчера ја чувала и полиција

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
media-libraryl18i55hhhglr0NEt3XO

Јулијана Ѓорѓиевска, ќерка на сопственикот на кравите во Крива Паланка, во изјава за „Скопје1“ тврди дека една од нивните крави, удрена на 25-ти, веќе трет ден лежи угината на пат во центарот на селото, на само неколку десетици метри од основно училиште.

Според неа, локацијата е фреквентна и секојдневно таму се движат деца – за време на одморите, по завршување на наставата и до блиската продавница.

„Постои реална опасност децата да дојдат во контакт со мршата, која може да претставува здравствен ризик. Станува збор за угинато животно кое со денови е изложено на отворено“, вели Ѓорѓиевска.

— реклама —

Таа додава дека до вчера вечер полицијата ја обезбедувала локацијата, но утринава немало присутни службени лица.

„Доколку на тоа место беше жива крава врзана – дали ќе останеше таму три дена? Немаше. Затоа што живо животно носи профит. Но кога нема профит – нема ни итност“, наведува таа.

— реклама —

Ѓорѓиевска бара итно отстранување на мршата, дезинфекција на просторот и утврдување на надлежноста и одговорноста за состојбата во центар на населено место.

— реклама —

„Ова не е прашање на сопственост. Ова е прашање на здравје и безбедност на деца. Ова е прашање на институционална одговорност“, порача таа, повикувајќи ги надлежните институции да постапат веднаш.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library653pu1mkhco33a4WL07

Серафимовски: Сточари користеле ушни маркички од угинати крави за да земаат субвенции

Македонија | пред 1 месец

— реклама —
272828935_322816903107219_1594673547293664520_n

Возач од Бугарија прегазил крава на патот Крива Паланка – Куманово

Македонија | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања