Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Украина под притисок: Снимки од насилна мобилизација ја разгневија јавноста

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
08e9e307-9e96-4061-9b2c-66fbd3e87692

Украинските власти најавија промени во методите на мобилизација по низа насилни инциденти што предизвикаа револт кај јавноста. Истовремено, армијата предупредува на критичен недостиг од војници, што ја загрозува одбраната од руската агресија, пишува Financial Times.

— реклама —

Претседателот Володимир Зеленски одбива да ја намали старосната граница за мобилизација под 25 години, нагласувајќи дека „не сака да ја жртвува следната генерација“. Но, токму тоа ја ограничува базата на потенцијални регрути во момент кога руските сили напредуваат на повеќе делови од фронтот долг 1.000 километри.

На социјалните мрежи кружат видеа на кои се гледа како војници насилно внесуваат мажи во комбиња, што доведе до нови протести. Во Миколаев е отворена истрага по смртта на маж кој наводно скокнал од мост бегајќи од регрутери.

— реклама —

— реклама —

Врховниот командант Олександар Сирски изјави дека „мобилизацијата не смее да биде шок за луѓето“ и најави построги правила и казни за офицерите кои применуваат присила.

— реклама —

И покрај ветувањата, нови снимки продолжуваат да се појавуваат – како онаа од Одеса, каде човек е со сила внесен во необележано возило. Министерот за одбрана Денис Шмигал тврдеше пред пратениците дека мобилизацијата „се одвива според планот“, но призна дека за крај на ваквите инциденти е потребно „поголема доверба и подобро воено раководство“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryefs5qfh0nrc521DwzCJ

По 14 часа под урнатините, спасено седумгодишно момче во Украина

Свет | пред 3 часа

— реклама —
media-librarysnmaa1rl2hgg7Xijxf1

Украина му зададе тежок удар на Путин со разурнувањето на Кримскиот мост

Свет | пред 1 ден

media-librarysith7ierrfmn68Wt5XU

Украина исчисти над 230.000 хектари од мини, неутрализирани повеќе од 260.000 експлозивни направи

Свет | пред 2 дена

media-libraryh2aohabuoto18k0oXtb

Русија и Украина разменија нови воздушни напади, најмалку 16 лица се повредени

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања