Во текот на ноќта украинците со дронови го нападнаа воениот аеродром Морозовск во руската област Ростовска. Очевидци забележале бројни дронови на небото и изброиле повеќе од 60 експлозии, пренесува Украинска правда. По нападот голем број области останаа без електрична енергија.
Василиј Голубев, гувернерот на Ростовската област, потврди дека се случил „напад од големи размери“ во областа Морозовск. Тој објави дека руските противвоздушни сили уништиле повеќе од 40 цели. Тој потврди дека во нападот е оштетена трафостаницата и дека се санира штетата.
Воениот аеродром се наоѓа на 3 километри југозападно од градот Морозовск. На аеродромот се стационирани борбени авиони Су-24, Су-24М и Су-34. Веќе во декември Украинците се обидоа со беспилотни летала да го нападнат тој аеродром, каде што се стационирани авиони кои оперираат на бојното поле во Украина.
https://twitter.com/officejjsmart/status/1776102756056461790
https://twitter.com/KyivPost/status/1776117958479094254