Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Украински дронови погодија индустриски објекти низ Русија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
media-library960tfhs83d8r1d55oWj

Украински напади со беспилотни летала предизвикаа пожари и материјална штета во повеќе руски региони, а во еден од нападите загина едно лице, соопштија руските власти.

Најтежок беше инцидентот во индустрискиот град Волжски во Волгоградската област, каде што маж загина во фабрика за синтетички влакна, додека жена се здоби со тешки повреди и беше пренесена во болница.

— реклама —

Гувернерот на регионот, Андреј Бочаров, информираше и за пожар во енергетски објект на југот од областа, како и за оштетувања на станбена зграда.

— реклама —

Руското Министерство за одбрана соопшти дека украинските напади биле насочени кон 13 региони во земјата и дека противвоздушната одбрана соборила 208 беспилотни летала. Сепак, не беа објавени детали за евентуалните успешни погодоци или за вкупниот број лансирани дронови.

— реклама —

Во меѓувреме, украинските воздухопловни сили соопштија дека Русија во текот на ноќта ја нападнала Украина со балистичка ракета „Искандер“ и 232 дронови. Според Киев, биле неутрализирани 217 беспилотни летала, иако биле регистрирани и повеќе погодоци.

— реклама —

Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно изјави дека нападите врз објекти поврзани со руската нафтена индустрија имаат за цел да ги намалат приходите на Москва од извозот на енергенси, кои се користат за финансирање на воените операции.

Тој додаде дека засилените напади на руска територија имаат за цел да извршат дополнителен притисок врз Кремљ и да придонесат за постигнување, како што рече, праведен крај на војната.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library47jcaee6d88j01lEBMf

(Видео) Над 850.000 Украинци останаа без струја по новите руски напади врз енергетската мрежа

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-library4bb6t509i29t0ECHASx

Русија со ракетен напад врз Киев: Оштетени станбени згради, мост и градинка, петмина повредени, меѓу кои и 14-годишно дете

Свет | пред 2 дена

media-libraryspg3a44vr325ahxo10E

(Видео) Бројот на загинати во рускиот напад врз Запорошката област се искачи на 55

Свет | пред 2 дена

media-libraryat0lrpmbh2bj2vc69Kd

Зеленски бара двопартиска поддршка од САД и итна испорака на ракети за „Патриот“

Свет | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања