„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(ВИДЕО) УМС ВМРО ДПМНЕ: Власта без никакво образложение во полициската станица приведе членови на ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
Jovan-Jauleski

Власта уште еднаш покажува во пракса дека во Република Македонија дека правната држава е суспендирана. Денеска власта на Заев и Спасовски без никакво образложение во полициската станица зад нас неколку членови на УМС на ВМРО-ДПМНЕ ги држеше 4 часа, истакна Јован Јаулески, Претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Власта е исплашена од граѓаните, а особено од младите и затоа спроведува политички прогон врз сите неистомисленици и слободомислечки граѓани.

Младите нема да ги исплашите. Младите се предводникот на промените кои следуваат.

— реклама —

Почитувани претставници од власта, ударот врз младите е удар врз државата. Не можете да ги оправдате вашите лоши политики со спроведување терор, прогон и сеење на страв.

Насилието мора да запре. Криминалот не смее да биде пракса. Откако сте на власт имаме 9 неразјаснати убиства, запалени автомобили, секојдневни грабежи и безредие. Власта не ја остварува нејзината основна задача - чување на редот и мирот.

Тргнете ги рацете од младите. За целото незаконие кое го спроведувате ќе одговарате кога ќе се врати правната држава и демократијата во Република Македонија, со доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт, истакна Јован Јаулески, Претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

2jVICOCGvW4

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања