Промени тема
Контакт

(ВИДЕО) Ураганот Доријан прерасна во петта категорија - еве како е во внатрешноста на ураганот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Свет
uragan-vnatre

Пилот на американската агенција, Национална океанска и атмосферска администрација (НОАА), влета во центарот на ураганот Доријан, кој достигна моќ од петта категорија.

— реклама —

Видеото кое се снима од пилотската кабина покажува како изгледа летот и како „ловецот на урагани“ успеа да пробие многу моќен и опасен вител и да стигне до центарот каде е мир.

— реклама —

— реклама —

Инаку Ураганот Дориан прерасна во петта категорија, што значи дека може да предизвика катастрофални последици, јави „АП“.  Ураганот ја зеде и првата жртва. Седумгодишниот Лачино Мктос од Бахамите се удавило, додека заедно со семејството се обидувале да се евакуираат на сигурно. За ситуацијата да биде полоша и неговата сестра исчезнала во бурата.

— реклама —

Американскиот претседател  пак Доналд Трамп апелираше до сите граѓани кои можат да се најдат на ударот на ураганот Доријан да ги слушаат предупредувањата и можните наредби за евакуација што ќе им пристигнуваат од локалните власти. Американските медиуми пренесуваат дека Трамп нагласил дека „јавната безбедност секогаш е на прво место“, како и дека тој и неговите соработници ги следат зачестените извештаи за „чудовишната бура“. Трамп предупреди дека ураганот бавно се приближува, но и дека е еден од досега најголемите регистрирани урагани. Според очекувањата, како што предупреди американскиот претседател, ураганот ќе погоди поголем дел од источниот брег на САД, а некои делови, како што кажа, „ќе погоди ,многу, многу силно.“

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања