„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(ВИДЕО) Ужас во Далмација: Се заглави рингишпил, деца останале заробени на височина од 30 метри

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Свет
b7fdf30fb94fd1b9fb7c

Поради дефект, се заглави рингишпилот „Скај флаер“ во Биоград во Далмација по што пожарникарите еден и пол час ги спасувале децата што останале заробени на височина од 30 метри. Припадници на противпожарната бригада пристигнале бргу, но не можеле да направат ништо бидејќи противпожарните скали им биле на поправка во Германија.

— реклама —

Побарале помош од колегите од Задар. Скалите стигнале, па акцијата за спасување почнала. Последните луѓе од рингишпилот биле симнати во 20.30 часот.

https://video.24sata.hr/video/cds/24/2019/8/ffd6e43c.mp4

— реклама —

„Пожарникарите реагираа многу бргу, но бидејќи нашите скали се санираат во Германија, моравме да чекаме за скала од Задар, така што целата ситуација се влоши. Имаше вкупно четири пожарникари на теренот, односно две екипи по двајца пожарникари“, велат од противпожарната единица.

Вкупно 15 лица биле спасени од рингишпилот, повеќето од нив деца и нивните родители. Слична ситуација веќе имало во овој парк и минатото лето кога луѓето морале да чекаат многу подолго затоа што пожарникарите имале интервенција за избувнат пожар, па противпожарното возило со скалила било зафатено.

Главниот директор на „Фанк парк“ – Биоград, Стипе Табак, објасни што се случило.

„Секој уред во нашиот парк има повеќестепени сензори за безбедност, кои го стопираат уредот ако само еден престане да работи. Проблемот е што овој рингишпил е специфичен и мора да интервенираат пожарникари за да ги симнат луѓето долу доколку се закочи“, вели тој. Табак додава дека ќе анализира што се случило со уредот и дека очекува рингишпилот да работи нормално.

„Ова се нормални ситуации што се случуваат во секој забавен парк и посетителите треба да бидат свесни за тоа. Прво и основно, безбедни сме и немаше никаква опасност за посетителите“, вели тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања