„Мизерно, па по мизерно не може да биде!“, „ Морбидно и недостоинствено“, „Без почит најпрво кон лугето кои се живи, а потоа и кон оние кои починале“, се дел од коментарите на Фејсбук, каде се постирани слики од депонијата Русино, во која се фрлени и мртовечки сандуци. Во групата „Чист Гостивар! Стоп за депонија Русино! Чист воздух за Гостивар“ постојано се споделуваат слики од она што им се случува на гостиварци, каков воздух дишат и за негрижата на институциите. Но,се чини дека денешниот ден го допреа дното.

Во видеото што двајца гостиварци го снимиле се гледа мртовечкиот сандук, кој го отворија а внатре беше сместен уште еден лимен, кој се користи за заразените од Ковид-19, но и за авионски трнаспорт на починат. Сандукот е празен и не се знае дали е заразен или не.
-Институциите спијат, локалните власти спијат, јавниот обвинител спие, вели член на групата.
Засега не се знае дали ковчезите се од починати транспортирани од странство, или пак од Ковид-19.
https://www.facebook.com/LudakotMemati/videos/10218457756937032/