Центарот на Скопје и денеска блокиран. Мостот „Беласица“ е затворен во еден правец, па целиот сообраќај е закочен. На потегот од раскрсницата кај „Мавровка“, па кон Автокоманда – има колони возила. Возачите се нервозни и револтирани, велат дека со часови седат во автомобилите.
„Градов е тиња“, коментираат возачи.
Слична е состојбата и на потегот од надвозникот кај Автокоманда, до Аеродром. Подолго време се стои во место, отколку што колоните се движат. Гужвите на овој потег, станаа речиси секојдневие, во текот на целиот ден.