Технолошкиот гигант Apple се подготвува да влезе на пазарот на преклопни смартфони, а најновите неофицијални информации откриваат како би можел да изгледа долгоочекуваниот модел iPhone Ultra.
На интернет се појави ново видео кое нуди детален приказ на наводниот дизајн на идниот преклопен уред. Станува збор за видео објавено од јутјуберот Џон Просер од каналот „Front Page Tech“, кој прикажува рендери базирани на досега достапните информации и протекувања.
Во видеото, уредот е прикажан во бела и црна боја, за кои се тврди дека ќе бидат единствените опции при неговото претставување на пазарот.
Дополнително, видеото открива и поставеност на двојната задна камера, сместена на испакнат модул инспириран од дизајнот на моделот iPhone Air, заедно со ЛЕД блиц.
Иако Apple сè уште официјално не го потврди развојот на преклопен iPhone, бројните протекувања во последниот период укажуваат дека компанијата сериозно работи на ваков уред, кој би можел да биде претставен во наредните години.
Како и кај сите неофицијални информации, и овие детали треба да се земат со доза на претпазливост сè додека компанијата не ги потврди официјално.