„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(ВИДЕО) Ванчева: Се одлучи надлежноста на СЈО да биде дел од Јавното обвинителство

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
Slika-Snezana

Снежана Калеска –Ванчева, пратеничка од СДСМ и коалицијата на денешната пресс конференција проговори и за законот за СЈО. Таа го кажа ставот на СДСМ.

— реклама —

Да, како што веќе знаете денеска во владина процедура ќе влезе и треба Владата да го усвои предлогот. Се водеа силни дебати на стручната и поширока јавност за начинот и формата за којшто ќе може Специјалното Јавно Обвинителство да продолжи со својата работа, што е она суштинското, истакна Снежана Калеска –Ванчева, пратеничка од СДСМ и коалицијата.

Таа додаде:

— реклама —

Беа понудени два концепти и се разговараше за два концепти, но се одлучи за концептот во којшто СЈО всушност надлежноста негова да биде дел од Јавното обвинителство, значи за полесно граѓаните да разберат на принципот на нешто како што е Одделението за организиран криминал и тоа е тој концепт којшто доби поширока поддршка и истиот очекуваме набрзо да дојде во Собранието. Имајќи предвид дека ова е многу важен или може да се каже дека е прилично клучен закон, којшто ќе овозможи борба, понатамошна борба со вискота корупција, очекуваме широк консензус, бидејќи барем досега не слушнавме ниту еден политички субјект да каже став дека е против борбата со високата корупција. Доколку се навистина цврсти заложбите на сите политички субјекти тогаш нема причина да стравуваме дека овој закон ќе биде усвоен со широк консензус, што е всушност и нашата највисока определба, бидејќи значењето и имплементацијата на овој закон и резултатите од примената на овој закон може да се очекуваат само доколку биде широко прифатен, истакна Снежана Калеска –Ванчева, пратеничка од СДСМ и коалицијата.

1UVl4cdTvMg

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања