„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(Видео) Васил Јованов, кој ја прегази Фросина, денеска на седница во Апелација по обвинение за трговија со дрога

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
fatime-fetai-vasil

Васил Јованов, кој ја прегази и усмрти 24-годишната Фросина, денеска беше спроведен на седница во Апелациониот суд во Скопје. Овојпат, не поради сообраќајната несреќа, туку по друго, претходно обвинение за кое беше суден – за недозволена трговија со наркотични средства.

— реклама —

— реклама —

Станува збор за постапка што се води пред повисока судска инстанца, каде Обвинителството поднсе жалба на пресудата од Основниот суд, кој претходно го прогласи виновен и му изрече казна затвор. На денешната јавна седница во Апелација, присутни беше и неговиот бранител, кој се противи на повисока казна за неговиот клиент.

Страната на Обвинителството и строгата казна ќе ја брани вишата обвинителка Фатиме Фетаи.

Според обвинението во овој случај, Јованов се товари дека бил вмешан во дистрибуција на дрога.

За ова дело, Јованов беше осуден на воспитна мерка како постар малолетник, а потоа, Апелација му ја зголеми казната на 3 години и 10 месеци. Случајот заврши пред Врховниот суд кој ја укина второстепената пресуда поради тоа што не се одржала јавна седница, а Јованов немал можност да се брани.

Претходно, Јованов доби 12 години затвор за смртоносното прегазување на Фросина Кулакова на пешачки премин.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања