Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

(Видео) Васил Јованов призна вина за смртоносното прегазување на Фросина Кулакова на пешачки премин

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
frosina-vasil-1414

Обвинетиот Васил Јованов, кој смртоносно ја прегази Фросина Кулакова на пешачки премин кај Универзална сала, призна вина. Тој изрази каење на судењето.

„Разбирам за што сум обвинет. Ќе се произнесам за мојата вина. Сакам да изразам најдлабоко сочувство кон целото семејство. Да се извинам за тоа што го сторив. Да суде, виновен сум“, рече Јованов.

— реклама —

Судијката Снежана Марковска рече дека го прифаќа признанието на вина. Потоа, посочи дека ќе се изведуваат само доказите кои се однесуваат на висината на казната.

— реклама —

Потоа, обвинителот Александар Марковски рече дека тоа се доказите дека тој и претходно е осудуван, како и дека има тековни прекршочни постапки од сообраќајна природа.

Според обвинението, на 29 јануари 2025 година, Васил Јованов, без возачка дозвола и под дејство на алкохол, управувал возило со брзина од 91 километар на час на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје. На пешачки премин, на црвено светло, удрил во Фросина Кулакова, која поминувала на зелено светло за пешаци. Од силата на ударот, Фросина се здобила со тешки телесни повреди и починала на лице место.

Во меѓувреме, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен предлог и против таткото на Васил, Зоран Јованов, за кривично дело „предизвикување општа опасност“ од член 288 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

— реклама —

Обвинението се однесува на периодот од 04.11.2022 до 30.01.2025 година, во кој Зоран Јованов дозволувал на својот син Васил Јованов да управува патничко моторно возило „Пежо 207“, иако знаел дека синот нема возачка дозвола и е повеќекратен сторител на сообраќајни деликти вклучително и сообраќајната несреќа во која животот го загуби 22-годишната Фросина Кулакова.

ПРЕТХОДНО:

— реклама —
frosina-majka-

Мајката на Фросина Кулакова со потресен говор: Барам најстрога казна, свирепо го изгуби животот, ниту еден орган не и беше поштеден

Камелија Кулакова, мајка на загинатата Фросина, побара најстрога казна за возачот Васил Јованов. Таа во потресен говор, рече дека ова не е само обична сообраќајка. Кажа дека ова е грабеж на живот, на иднина.„Јас не сум само мајка која го изгубила своето дете, јас сум човек со откорната душа. Јас сум денес гласот на Фросина, зборувам за неа, затоа што таа повеќе не може да зборува. Фросина не беше само прегазена, таа беше згасната на начин што човечкиот ум не може да го прифати – без возачка дозв

Македонија | пред 1 година

vasil-jovanov-tatko-na-frosina

Таткото на Фросина го праша Васил: Зошто наместо да возиш право, сврте кон нашето чедо?

Тодор Кулаков, татко на Фросина Кулакова, смета дека двајцата родители треба да одговараат што Васил Јованов имал пристап до автомобилот со кој ја усмртил нивната ќерка. Тој го праша Јованов зошто го свртел воланот, наместо да вози право и удрил во девојката која го загуби животот.„Кога правдата ја губи вредноста, тогаш државата ја губи душата. Денес не се бориме само за Фросина, туку за ниту едно дете повеќе да не заврши под тркала на безмилосен човек, кој потоа се обидува да избега од одговорн

Македонија | пред 1 година

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 8 месеци

— реклама —
media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 8 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 8 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 8 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања