Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Велешкиот детски хор „Св. Кирил и Методиј“ се врати со злато од меѓународен натпревар во Грција

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-libraryev9qrf1e0nim5qSV4vK

Детскиот хор „Св. Кирил и Методиј“ од Велес повторно постигна голем меѓународен успех, освојувајќи златен медал и прво место на интернационалниот натпревар „Music and Sea“ во Паралија, Грција.

— реклама —

Под диригентската палка на Веселинка Маџарова, младите велешки хористи биле највисоко оценети на натпреварот, кој се одржува во силна меѓународна конкуренција.

— реклама —

Хорот со својот настап успеал да се издвои меѓу учесниците и да го освои највисокото признание, продолжувајќи ја низата успешни настапи надвор од Македонија.

media-library5d2img8qldk94NOpM9n


Посебни пофалби добила и диригентката Веселинка Маџарова. Покрај изведбата на хорот, високо бил оценет и нејзиниот избор на композиции со кои младите хористи се претставиле пред меѓународното жири.

— реклама —

Освојувањето на златниот медал и првото место претставува уште едно значајно признание за детскиот хор „Св. Кирил и Методиј“, но и за Велес, кој преку младите хористи повторно бележи успех на меѓународната музичка сцена.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-library1dnc1vt25abv1AO09QV

(Видео) Хорот од Велес запеа во Грција

Македонија | пред 2 месеци

— реклама —
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања